Новите разузнавачки информации сугерираат дека проукраинска група извршила напад врз гасоводите „Северен тек“ минатата година, пишува New York Times и додава дека ова е чекор кон утврдување одговорност за саботажата на рускиот гасовод.
Во исто време, американските власти тврдат дека немаат докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленски или неговите најблиски соработници биле вмешани во оваа операција.
Сепак, се посочува дека останува отворена можноста нападите да ги извршиле лица поврзани со украинските власти.
Според разузнавачките податоци на американските служби, експлозивот на гасоводите најверојатно бил подметнат од искусни нуркачи кои не се поврзани со армијата или специјалните служби, пишува американскиот весник, наведувајќи дека државјани на Велика Британија и на Соединетите Американски Држави не учествувал во нападот.