Проширување и обновување на мостот „Киро Фетак“ — проектот стартува со поддршка на Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е во тек проширувањето и целосната реконструкција на мостот „Киро Фетак“, кој е дел од регионалниот пат Р-1106 и претставува важна сообраќајна врска меѓу Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот.

Мостот со години претставувал критична точка и место на чести незгоди, но со актуелните градежни зафати ќе добие нов, безбеден и функционален изглед.

„Со реконструкцијата се врши санација и проширување на мостот, како и изградба на нови тротоари и рабници за поголема безбедност и подобра проточност на сообраќајот“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека значењето на проектот е огромно, не само за жителите на повеќе општини, туку и за сите учесници во сообраќајот.

„Вложуваме во инфраструктурата денес, за да создадеме подобра иднина за генерациите кои доаѓаат. Секој ваков проект е доказ дека кога се работи со визија и посветеност, резултатите се видливи и трајни“, потенцира градоначалникот.