ПРОШТАЛНА ПОРАКА НА ЌЕРКАТА НА БОЈАНА ЈАНКОВИЌ КОЈА ЈА КИНЕ ДУШАТА НА ПАРЧИЊА: Наследничката на покојната водителка се “скрши”! (ФОТО)

Ќерката на покојната Бојана Јанковиќ јавно се прости од мајка си!

Популарната водителка Бојана Јанковиќ почина на 19 април 2024 година во Белград, на 46-годишна возраст. Водителката на култното шоу „Сити“ беше пронајдена во станот, а јавноста беше шокирана од веста за нејзината ненадејна смрт.

Последната објава на Бојана на социјалните мрежи беше на Инстаграм и беше посветена на нејзината наследничка Зоја, која пред осум недели го прослави својот 15-ти роденден.

– Среќен роденден, првенче мамино. 15 години најголема среќа – напиша Бојана пред неколку недели во својата објава и ја сподели сликата на нејзината ќерка.

Под оваа објава се појави трогателен коментар. Имено, една од двете наследнички на Бојана оставила проштална порака од нејзиниот приватен профил.

– Ми недостигаш мамо – напиша една од ќерките на Бојана од профилот што го следеше и водителката.

За потсетување, Бојана во бракот со музичарот Огњен Јанковиќ имаше две ќерки Зоја и Искра. Бојана и Огњен ставија точка на бракот во јуни 2022 година, по 15 години брак. Музичарот потоа го напуштил станот во кој живееле. Во едно од интервјуата Огњен зборуваше за љубовта со Бојана.

– Нè запозна еден од моите најдобри пријатели, Милан, кој сега, за жал, е починат, а тоа ѝ дава малку филмски шмек на нашата приказна. Беше кај него во локалот што тој го држеше и рече дека мора да не запознае, како да процени дека ќе си одгвараме еден со друг. Тоа беше судбоносна средба – откри тогаш Јанковиќ, која по разводот стапи во врска со Милена Радуловиќ.