Проѕирно суштество се криело во пештера на српска планина: Тим научници влегле внатре, набрзо сфатиле дека ова НИКОГАШ НЕ ГО ВИДЕЛЕ (ФОТО)

Пештера на планината Девица, во источна Србија, криела неверојатно, проѕирно суштество кое било откриено од тим научници. Се покажа дека станува збор за нов вид полжав наречен Vitrea virgo или кристален полжав од планината Девица.

Според Мајами Хералд, оваа пештера била една од 30-те места што истражувачите ги посетиле помеѓу 2021 и 2023 година за да проучуваат група полжави. За време на повеќето експедиции, тие најчесто откривале познати видови, но на Девица било поинаку. Кога истражувачите влегле во подземната пештера, откриле десетина „големи“ и необични полжави, се вели во студијата објавена во ZooKeys. Ги погледнале овие животни подетално и сфатиле дека откриле нов вид.

Овие кристални полжави од Девица се сметаат за големи за тој тип на полжав – до пет милиметри. Нивните куќи се проѕирни и густи, а долниот дел е речиси целосно рамен. Меките ткива се „речиси целосно без пигментација“.

– Оваа студија го зголемува бројот на видови од родот Vitrea во Србија на 10. Специфичната разновидност на овој род во околните земји варира од пет до 13. Пет видови се познати во Унгарија, седум во Албанија, девет во Црна Гора, 10 во Босна и Херцеговина и Романија, 11 во Бугарија и 12 во Македонија и Хрватска.

Кристалните полжави од Девица се пронајдени во темните делови на пештерата, длабоко во внатрешноста. Името го добиле по планината каде што биле пронајдени, со латинскиот збор девица. Затоа научното име е Vitrea virgo.

Новиот вид беше идентификуван според големината на куќата, обликот, бојата, гениталиите и други карактеристики. Засега нема податоци за ДНК на новиот вид.