ПСЖ победи 3:2 на гостувањето кај Брест во десеттото коло од францускиот шампионат. ПСЖ поведе во 16. минута со голот на Ворен Заир-Емери, а Килијан Мбапе 12 минути подоцна зголеми на 2:0. Со голот на Стив Муни во 43. Брест намали на 1:2, а во 52. Жереми Ле Дуарон израмни на 2:2.
Победата на ПСЖ ја донесе Мбапе со гол во 89. минута откако голманот Марко Бизо го одбрани пеналот. На крајот, Мбапе сепак успеа да постигне гол, а откако постигна гол, почна да ја провоцира домашната публика. По десет кола ПСЖ е втор, со бод зад сензационалната Ница. Брест остана шести тим. Во следното коло ПСЖ го пречекува Монпеље, а Брест гостува кај Монако.