Пукање во Батинци! Едно лице почина – осомничениот е во бегство

На влезот во скопското село Батинци, околу 10 часот наутро денес, имало пукање од огнено оружје, во кое едно лице почина, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според засега непотврдени информации, починатото лице е дел од АРМ.

„Денес околу 10:15 часот во СВР Скопје, Министерството за внатрешни работи пријави дека на влезот во селото Батинци, Скопје, , М.Д. пукал од пиштол кон возило „Киа“ кое било во движење . А.М. (50) добил прострелна рана во градниот кош и бил префрлен во болницата „Св. Наум Охридски “ за укажана лекарска помош, каде што во 11:00 часот наутро од страна на лекар била констатирана смрт”, се вели во соопштението на МВР.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата за утврдување на мотивите и околностите под кои се случила пукотницата е во тек.

Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот, кој е во бегство.