Пукање во Велика Кладуша: Полицијата со часови трага по маж вооружен со автоматска пушка

Во реонот на населбата Шуматац во Велика Кладуша денеска имало пукање, а потрагата по напаѓачот се уште трае, потврдија од МУП на Унско-санскиот кантон.

Како што е соопштено за нашиот портал, пукањето се случило во 14 часот, оттогаш трага по се уште неидентификуваниот маж.

Неофицијално дознаваме дека мажот се претставил како „американски војник“ и дека бил вооружен со автоматска пушка.

Во потрагата која трае веќе неколку часа се вклучија и специјални единици на полицијата.

Нема информации за повредени лица во оваа престрелка.