Во селото Ново Рујце кај Липљан загинаа три лица, потврди полицијата.
Таа истакна дека се убиени членовите на истото семејство, а се сомнева дека мажот ги убил сопругата и синот, а потоа се застрелал.
Според медиумите во Приштина, полицијата потврдила дека на лице место пронашла три тела.
– Околу 16 часот и 30 минути полицијата добила информации за три жртви во Нови Рујац кај Липљан. Полицијата веднаш по добиеното известување излегла на лице место каде пронашла три мртви тела, чија смрт била констатирана од лекарската екипа.
Полицијата во моментов започна истрага за случајот и околностите околу инцидентот – се вели во полициското соопштение.