Лондонската полиција започна потрага по маж осомничен дека ранил осумгодишно девојче и 34-годишен маж, кои во тешка состојба биле примени во болница.
Скај њуз јавува дека пукањето се случило рано утринава во западниот дел на Лондон.
Британската полиција се повикува на изјави на очевидци дека жртвите биле нападнати додека биле во автомобил.
Жената, која се идентификуваше само како Шерон, рече дека мажот „пукал директно во автомобилот“.
– Едноставно бев целосно шокирана и само истрчав по скалите бидејќи бев навистина исплашена. Потоа погледнав и слушнав врисоци потоа, како и луѓе кои излегуваа да повикаат полиција – изјавила Шерон.
Во болница превентивно била пренесена и 32-годишна жена.