Пукање во средно училиште во Џорџија: Најмалку четворица загинати, околу 30 ранети

Најмалку четири лица загинаа, а околу 30 се повредени во пукање во средно училиште во Џорџија.

Засега не е јасно колку од повредените имаат прострелни рани, а информациите за бројот на жртвите се променуваат, велат од полицијата.

Осомничениот за пукањето кој е на студентска возраст е во притвор, но се уште не се знае дали го посетува ова училиште.

Сите училишта во округот се затворени, а полицијата била испратена во сите средни училишта како мерка на претпазливост.

Во моментов нема извештаи за секундарни инциденти.

Некои од тешко повредените се пренесени со хеликоптер, а дополнителни хеликоптери се во подготвеност, пишува Си-Ен-Ен.