Најмалку пет лица се повредени во пукање во училиштето Рисбергска во шведскиот град Оребро.
Во училиштето е во тек голема полициска акција. Според неофицијални информации имало пукање од автоматско оружје.
Проценката на полицијата е дека има црвен аларм и дека ситуацијата не е под контрола.
Неофицијално, меѓу ранетите има и полицајци.
Голем број вооружени полицајци и служби за итни случаи се собраа пред училиштето. Во училиштето се уште има луѓе.
– Не можеме да излеземе, опасно ни е. „Слушнавме пукотници “, изјави едно лице за шведските медиуми.
Лице што познава професорка што работи во тоа училиште вели дека штотуку добила СМС порака.
– Ми напиша дека во училиштето имало пукање од автоматско оружје и дека се засолниле во соба. Потоа напиша дека ме сака.
Локалната болница ја празни итната медицинска помош и одделението за интензивна нега за да се подготви да ги прими повредените.
Оребро е шестиот по големина град во Шведска.