12-годишно момче кое уби соученик и рани две девојчиња во основно училиште во Финска и’ кажало на полицијата дека го малтретирале – соопштено е денеска.
Ученик од шесто одделение е уапсен откако со пиштол пукал кон своите врсници во училиштето во градот Вантаа, во близина на Хелсинки.
Полицијата соопшти дека едно од ранетите девојки има двојно државјанство на Финска и Косово.
Пиштолот е на роднината на момчето – напаѓач.
„Утврдено е дека мотивот на тој чин е насилство од врсници“ – соопштија од Полициската управа која ја води истрагата.
Минималната возраст за кривична одговорност во Финска е 15 години, што значи дека осомничениот не може формално да биде уапсен.
Денеска во Финска беше ден на жалост поради тој напад.