Неименуван маж беше застрелан денес на Тајмс Сквер, Њујорк.
Полицијата трага по напаѓачот, соопштија локалните власти.
Пукањето се случило околу пет часот наутро по локално време, а жртвата добила рана во десното рамо, објавува „Њујорк пост“.
Еден маж (29) бил префрлен во блиската болница по инцидентот и е во стабилна состојба.
Засега не е познато како се случила пукотницата, но очевидци на социјалните мрежи изјавија дека четири или пет истрели биле испукани откако група млади мажи се скарале, јавува Б92 Танјуг.
Полицијата додаде дека потрагата по напаѓачот продолжува.