Во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје пред два дена се случи мафијашка пресметка! Двајца членови на македонското подземје, Раде Трајковски и 23-годишниот млад човек, наречен Колумбо, се ранети во нападот во трговскиот центар кој во моментот на пукањето бил полн со посетители. Напаѓачот кон нив испукал 10 куршуми, по што побегнал.
Денеска на јавноста од страна на органите кои го истражуваат овој случај и од страна на медимите ѝ беа презентирани повеќе детали за овој инцидент.
– Патот на дрогата во Македонија во последните неколку години стана автопат, така што тоа што се случи вчера во трговскиот центар не е новост. Достапноста на кокаин, хероин и марихуана никогаш не била полесна и ја има на секоја улица и секој агол во Македонија. Најмалку три од четирите агли на раскрсницата се казина – рече Талевска – новинарка чиј глас се слушаше во ,,бомбите” на Заев.
На двајцата ранети млади момчиња им била укажана помош, но не е сигурно како ќе се справат со претстојните операции.
– Раде Трајковски и неговиот другар им побегнаа на стрелците, но не е сигурно дали ќе ги преживеат операциите што ги следат. Тој наводно моментално е стабилен, а 23-годишниот Кплумбо кој беше заедно со него денеска беше опериран повторно, но лекарите не се многу оптимисти и велат дека и двајцата се во здравствено загрозувачка положба. Непознат е напаѓачот кој испука најмалку пет куршуми во телото на сопатникот на Трајковски и неколку во телото на самиот Трајковски. Познато е дека тој ладнокрвно излезе од трговскиот центар. Се шпекулира дека носел маска на човечко лице и дека успеал да помине затоа што не успеале да го идентификуваат по име и презиме – пренесе дотичната новинарка и додаде:
– Луѓето почнаа да бегаат по пукањето. Настана паника, особено затоа што беше во текот на денот. Имаше и деца и стари луѓе. Оваа состојба покажува дека полицијата нема контрола врз нарко – картелите во Македонија. Тоа е многу голем проблем.