Секое шесто до седмо новородено дете ќе има белодробно заболување како последица од аерогадувањето. Загрижувачко предупредување од пулмолозите, кои велат дека високото ниво на ПМ-честичките ќе удри по најмилите кои штотуку го почнуват животот. Докторите споделија поразителни податоци, отровниот воздух кој го дишат граѓаните ќе го зголемува и бројот на болни од рак,аутизам и деменција. Но она што е најстрашно се намалуваат и годишните граници за овие заболувања.
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија. Најголем број од пацинетите кои се хоспитализирани се болни со ХОББ и астма. Пулмолозите апелираат граѓаните да носат заштитна маска или шал преку лицето, за да се заштитат од загадениот воздух
Скопје денеска е прв најзагаден град во Европа,а 10- ти во светот.И претходните денови македонскиот главен град беше на врвот на листите на интернет страниците за мерење на аерозагадувањето.