– Пумас бара компензација од повеќе милиони долари од Дани Алвеш поради случајот на силување. Поранешниот дефанзивец на Барселона, ПСЖ и Јувентус е приведен без кауција под сомнение дека силувал девојка во ноќен клуб во Барселона. Нему му се заканува затворска казна од 4 до 12 години.
Веднаш штом Бразилецот беше приведен поради сомнение за силување, Пумас му го раскина договорот. Мексиканскиот клуб бара отштета од 5 милиони долари од играчот поради прекршување на договорот.
На 20 јануари, на денот на неговото притворање, раководството на Пумас испрати мејл до Алвеш во кој објави раскин на договорот и го извести за желбата да добие отштета. Мексиканскиот клуб наведува клаузула во договорот со која се казнуваат проблеми со допинг, учеството во „секој скандал што ќе стане јавен“ или „секој чин што се смета за кривично дело според законите на земјата во која се случил“.
Пумас во писмото истакна дека го задржуваат правото да поднесат барање до ФИФА или кој било друг надлежен орган за барање обештетување.