На 11 мај, рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред претставниците на руските и странските медиуми и предложи Украина да продолжи со директните преговори без предуслови во Истанбул на 15 мај.
Веднаш по изјавата на Путин, Песков му рече на новинар на британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ дека станува збор за пристап заснован на многу сериозна анализа на ситуацијата.
– Треба да водите директни преговори за да најдете начин за прекин на огнот. Поедноставен пристап кон прекинот на огнот е неприфатлив – нагласи портпаролот на Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, сепак, побара Москва да се согласи на целосно прекин на огнот од 12 мај.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата повика веднаш да седнат на преговарачка маса.
Според Трамп, ваквите преговори „барем ќе утврдат дали е можен договор“.
Зеленски подоцна изјави дека ќе го чека рускиот претседател во Турција во четврток.