– Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера го зголеми бројот на војници во руските сили за околу 170.000, со што војниот персонал се зголеми на повеќе од 2,2 милиони.
Путин потпишал указ за зголемување на персоналот на Вооружените сили на Русија на 2.209.130, вклучувајќи 1.320.000 војници, објави Кремљ.
Одлуката стапила во сила денот на нејзиното потпишување.
Според декретот што го потпиша Путин, кој стапи во сила на 1. декември, војската имала 2.039.758 членови, вклучувајќи 1.150.628 војници.
Во однос на претходната регулатива, бројот на војници е зголемен за 169.372.
Министерството за одбрана на Русија објави дека и покрај зголемувањето на бројот на војници, не постои план за значителен раст на мобилизацијата.
Во соопштението се наведува дека бројката на војници е зголемена поради растот на заканите поврзани со „специјалната воена операција“ во Украина и ширењето на НАТО.
Зголемувањето на Вооружените сили се смета за реакција на активностите на НАТО.