Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша Законот со кој се предвидува Денот на обединување на новите региони со Русија да се слави на 30 септември.
„30 септември е денот на обединувањето на Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република, Запорожјската област и Херсонската област со Руската Федерација“, се наведува во документот.
Оваа година за прв пат ќе се одбележи Денот на обединувањето.
На 30 септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на Народните републики Доњецк и Луганск, регионите Запорожје и Керсон потпишаа договори за пристапување на овие региони кон Русија.
Веднаш потоа Путин поднесе барање за преиспитување на уставноста на потпишаните договори за прием на овие четири области.