Вистинска филмска сцена се случи денеска во Кремљ кога претседателот на Парламентот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) му се обрати на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин со барање да се кандидира за уште еден мандат.
По церемонијата на доделување на хероите на Русија во Кремљ, претседателот на парламентот на самопрогласената ДНР, Артем Жога, му се обрати на Путин со емотивна порака и молба во име на жителите на Донбас актуелниот претседател повторно да се кандидира.
„Направивте толку многу за нашиот Донбас, Советот на Федерацијата го одреди датумот на изборите за претседател на Руската Федерација, а јас, во име на нашиот народ, целиот Донбас, нашата обединета земја, ве замолувам да учествувате во овие избори затоа што има многу работа“, рече тој.
Тој рече дека благодарение на активностите и одлуките на Путин, жителите на Донбас добија слобода, право на избор.
„Ние сакаме да гласаме на избори, а вие сте наш претседател. Има многу работа, треба да поминеме низ процесот на социјална интеграција, финансиски и сакаме да дојдеме до обичен мирен живот. И ние би сакале да направиме се ова под ваше раководство Вие сте наш претседател, ние сме ваш тим „Ни требаш ти, ѝ требаш на Русија“, рече тој.
Путин му се заблагодари на Артем Жога и откри дека не бил сигурен дали ќе се кандидира.
„Нема да кријам, во различни периоди имав различни размислувања. Но, сега сте во право, сега е таков момент кога треба да се носат одлуки. Ќе се кандидирам за функцијата претседател на Руската Федерација“, рече Путин.