Според дипломатски извори на американските медиуми, за време на преговорите во Алјаска, Владимир Путин побарал повлекување на украинската армија од регионите Луганск и Донбас.
Оваа понуда се чини дека е најголемата отстапка што Кремљ ја направил досега. Сепак, со оглед на досегашниот став на украинскиот претседател Володимир Зеленски, малку е веројатно дека овој предлог лесно ќе биде прифатен.
Трамп ќе го добие првиот официјален одговор на оваа понуда од Зеленски во понеделник, за кога е планирана средбата во Вашингтон, а трилатералната средба меѓу Путин, Зеленски и Трамп е веќе планирана за петок.
Дипломатски извори од администрацијата на Трамп истакнуваат дека е планирана и покана за европските лидери во Вашингтон со цел да дејствуваат заеднички во насока на условите што ги нуди Москва.
Моментално, украинската армија контролира многу мал дел од регионот Луганск, додека во Донбас, руските сили зазедоа 70 проценти од територијата. Од друга страна, окупираните територии во регионот Сума и Харков сè уште имаат непознат статус во случај на потенцијално примирје.
Дополнително, Путин побара и САД да го признаат суверенитетот на Русија над деловите од Украина што ќе ги добие според мировниот договор.