„Путин, доаѓа твојот ред, Трамп се подготвува да ти одржи лекција“ – Брутални навреди доаѓаат од американскиот сенатор – Дали рускиот претседател повторно ќе биде нем на провокациите од САД? (видео)

Американскиот сенатор Линдзи Греам во интервју за „Фокс њуз“ испрати остра порака до Владимир Путин, предупредувајќи го да не ја потценува решителноста на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Путине, доаѓа твојот ред. Доналд Трамп е Скоти Шефлер на американската политика и надворешна дипломатија, и тој е на пат да ти одржи лекција – рече Греам, повлекувајќи паралела со американскиот шампион во голф познат по својата ладнокрвна доминација на теренот.

Греам рече дека Трамп е „уморен од оваа игра“ и дека ќе воведе царини против земјите што купуваат руска нафта – поточно Кина, Индија и Бразил. Според него, тие три земји купуваат околу 80 проценти од руската нафта по намалени цени, со што „ја одржуваат воената машина на Кремљ жива“.

– Ќе воведеме 100-процентни царини врз нив, и јасно е дека тие три земји наскоро ќе мора да изберат помеѓу „помагање на Путин“ или „американската економија“. Мислам дека ќе ја изберат Америка –

Порано овој месец, Трамп му даде на Путин рок од 50 дена да ја запре војната во Украина, во спротивно, како што најави, ќе следат остри санкции што ќе влијаат и на сојузниците на Русија на енергетскиот пазар. Во исто време, законот на Греам, со кој би се вовеле тарифи од 500 проценти за руската нафта, сè уште чека зелено светло во американскиот Сенат.

Предлог-законот на Греам, познат како „Закон за санкционирање на Русија“, предизвика критики поради неговото потенцијално влијание врз глобалниот пазар.

– Царина од 500 проценти е во основа сериозен целосен прекин на трговските односи“, рече Кевин Бак, енергетски аналитичар од „Клир Вју Енерџи Партнерс“.

И додека Греам предложи исклучок за земјите што активно ѝ помагаат на Украина, што би ја поштедило Европската Унија, која сè уште увезува речиси 20 проценти од својот гас од Русија, од удар, голем број други земји би останале под критики. Меѓу нив се и САД, кои продолжуваат да увезуваат збогатен ураниум од Русија за своите нуклеарни централи.

Законот на Греам, наречен „Закон за санкционирање на Русија“, моментално е во процес на разгледување, а го поддржаа дури 82 сенатори. Се очекува законот да претрпи измени во консултација со администрацијата на Трамп, но јасно е дека САД подготвуваат нова, поагресивна политичка рамка.

Како што заклучи Греам: „Овие земји повеќе нема да можат да седат на две столчиња. Ќе мора да изберат: да ја поддржат Украина или да ја финансираат војната на Путин“.