Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов закон кој се однесува на оданочувањето на дигиталните валути и официјално го признава биткоинот и другите дигитални валути како сопственост во Русија.
Новиот закон се очекува да стапи на сила еден месец по неговото официјално објавување, но не пред првиот ден од следниот даночен период.
Според даночниот законик, трансакциите направени со помош на дигитална валута нема да подлежат на данок на додадена вредност (ДДВ), пренесува агенцијата bahanjuz.
Даночната стапка за приходи помали од 2,4 милиони рубљи ќе биде 13 отсто, додека оние што ја надминуваат таа сума ќе се оданочуваат со 15 отсто.
Трговците чии приходи надминуваат 100 милијарди рубли дневно ќе се сметаат за организатори на надворешна трговија, вклучително и берзите. Даночната стапка за странски крипто-размени ќе биде 25 проценти од 2025 година.
Законот, исто така, бара од операторите на рударска инфраструктура да ги пријават податоците за клиентите до даночните власти. Доколку не ги дадат информациите, ќе им биде наплатена казна од 40.000 рубли.