Путин: Ерата на либералната глобализација е зад нас, свртете се кон вашите валути

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на лидерите на БРИКС дека ерата на либерална глобализација е застарена и дека иднината им припаѓа на брзорастечките пазари кои треба повеќе да ги користат своите национални валути за трговија.

Путин се појави на самитот во Рио де Жанеиро преку видео врска бидејќи се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Украина. Москва вели дека потерницата е неоснована и бесмислена.

БРИКС е група земји во кои живее 45 проценти од светското население.

„Зајакнување на соработката во сферите на природните ресурси, логистиката, трговијата и финансиите“

„Сè укажува дека моделот на либерална глобализација станува застарен“, рече Путин во видео порака.

„Центарот на деловната активност се префрла кон пазарите во развој“.

Путин, исто така, ги повика земјите од БРИКС да ја зајакнат соработката во сферите на природните ресурси, логистиката, трговијата и финансиите.

Економската сила на БРИКС наспроти Г7

Шесте главни членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – имаат БДП од 28 трилиони долари, а групата Г7 повеќе од 51 трилион долари, според Меѓународниот монетарен фонд.

Голем дел од економската моќ на БРИКС, во која се вклучени и Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, доаѓа од Кина, која сочинува повеќе од 60 проценти од вкупната економска моќ на БРИКС.