За време на денешната посета на Крим, претседателот на Русија се чинеше дека не е загрижен за налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, а руската државна телевизија објави кратка видео-снимка на која се гледа лежерно облечен Владимир Путин како шета со група службеници.
Руската државна медиумска агенција РИА Новости објави дека Владимир Путин посетил уметничко училиште и детски центар. Се чини дека локациите се избрани како одговор на налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објави The Guardian.
Владимир Путин патувал 1.821 километар со авион од Москва до Севастопол, најголемиот град на Крим, а таму возел автомобил низ градот.
„Нашиот претседател знае да изненади. Денеска требаше да отвориме детско уметничко училиште во Керсон. Се било подготвено за видео конференција и извештај до претседателот преку специјален комуникациски линк, но претседателот лично дошол со автомобил. Тој беше зад воланот“, напиша Развозаев на социјалната мрежа Телеграм.
Тој додаде дека претседателот на Русија е секогаш со Севастопол и жителите на Севастопол на овој историски ден.
„Нашата земја има неверојатен лидер“, додадел во објавата Развозаев.
На видео кое кружи на социјалните мрежи, се гледа како рускиот претседател седи зад воланот на теренец, додека член од неговото обезбедување седи на совозачкото седиште.
Инаку, поради неколку ситуации во кои рускиот претседател се однесувал невообичаено и кои биле снимени од камерите, се повеќе се шпекулира дека Владимир Путин боледува од тешка болест. Дијагнозите беа многубројни, од Паркинсонова болест до малигни заболувања. Кремљ ги отфрли сите овие наводи велејќи дека Владимир Путин е „во многу добра здравствена состојба“.
МКС повика на апсење на Путин под сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.