Путин итно се огласи! Русија распоредува нуклеарни ракети!

Русија постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за руските медиуми.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ за неширење нуклеарно оружје, рече Путин и додаде дека САД имаат стационирано нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници, пренесе ТАСС, а пренесе Ројтерс.

Русија ќе одговори на употребата на муниција со осиромашен ураниум, рече Путин.

Русија има начин како да одговори на овој тип муниција, посочи тој, пренесе Спутник.

„Русија има многу такви оружја, но до сега не го користела“, рече тој, додавајќи дека оние што користат таква муниција ја користат против сопствениот народ.

Конфликтот во Украина со испорака на оружје од Запад само ќе се пролонгира, посочи Путин, пренесе РИА Новости.

Како што рече претседателот на Русија, нема да дозволат претерана милитаризација на економијата.

Тој исто така рече дека со ограничувањето на употребата на долари, САД си ја сечат гранката на која седат.