Путин и наложи на Гаспромбанк да соработува со Илон Маск

 Рускиот претседател Владимир Путин и наложи на Газпромбанк, една од најголемите банки во земјата, да соработува со бизнисменот Илон Маск, известува Анадолу.

Путин се сретна со заменик-претседателот на Газпромбанк, Дмитриј Зауерс, во рамките на „Форумот за идни технологии“ што се одржува во главниот град Москва.

Путин испитувајќи ги со Зауерс батериите што се користат во ракетните и вселенските технологии, рече: „Треба да ги здружиме силите со Маск“.

Посочувајќи дека Маск е заинтересиран за процесот на реструктуирање во административните единици на САД, Путин рече: „Кога ќе заврши процесот на реструктуирање, тој ќе се врати на научната работа. Соработувајте со него. Се консултираме за заедничка работа во вселената. Можеме да соработуваме и во таа област“.

Маск, сопственик на Тесла, СпејсИкс и платформата X, го предводи и Одделот за владина ефикасност (DOGE) во САД.

Газпромбанк е меѓу руските банки санкционирани од САД.