Путин и Трамп – во Алјаска: Објавен датумот на средбата

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп ќе се одржи на 15 август во Алјаска, објави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

„Американската страна штотуку објави дека е постигнат договор за организирање средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во петок, 15 август, во Алјаска. Русија и САД се блиски соседи, граничат едни со други. И се чини сосема логично нашата делегација едноставно да прелета над Беринговиот теснец и толку важен и очекуван самит на лидерите на двете земји да се одржи во Алјаска“, рече претставникот на Кремљ.

Лидерите ќе се фокусираат на разгледување на опциите за постигнување долгорочно мирно решение за украинската криза, додаде Ушаков.

Според него, Москва и Вашингтон ќе ги разработат параметрите на состанокот во следните неколку дена и дека тоа нема да биде лесен процес.

следниот самит би можел да се одржи во Русија, Трамп веќе е поканет;

„Економските интереси на двете земји се преклопуваат во Алјаска и Арктикот, а видливи се и перспективите за реализација на големи проекти“, истакна тој.

„Долгоочекуваната средба меѓу мене, како претседател на Соединетите Американски Држави, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи следниот петок, 15 август 2025 година, во Алјаска. Повеќе детали ќе следат. Ви благодарам за вниманието“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Твитер.