Путин каков што никогаш досега не сте го виделе: Еве како реагираше на прашањата од американските новинари

Пред почетокот на состанокот на делегациите на САД и Русија, каде што главна тема е војната во Украина, на новинарите им беше дадена можност да влезат во просторијата и да ги снимаат учесниците на самитот.

Новинарите се обидоа да му постават прашања на американскиот претседател Доналд Трамп и, особено, на неговиот руски колега Владимир Путин, но претседателите и другите членови на нивните тимови молчеа и покрај сите обиди. Лицата задолжени за организирање на настанот само кратко одговорија со „ви благодарам, новинари“.

Меѓу прашањата што можеа да се слушнат беа „Зошто претседателот Трамп треба да ви верува сега, претседателе Путин?“. Путин замолчи.

Рускиот претседател Владимир Путин дури и не одговори на прашањето дали би се согласил на прекин на огнот.

Кога го прашале дали „ќе престане да убива цивили“, Путин се појави со гестикулација дека не може да го чуе прашањето.

Сѐ на сѐ, на ниту едно прашање не беше одговорено.

Но, она што камерите успеаја да го „фатат“ беа необичните изрази на лицето на рускиот лидер, на кои, благо речено, светот не е баш навикнат.

Еве како изгледаше: