Путин му се закани на Макрон: Не заборавај како помина Наполеон

Сè уште има такви во светот кои сакаат да се врати времето на кампањата на Наполеон, но забораваат како заврши, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Ниту денес никој не може да се контролира. Има луѓе кои сакаат да се врати времето на походот на Наполеон, но забораваат како заврши – рече тој, додавајќи дека грешките на непријателите на Русија отсекогаш биле тоа што го потценувале карактерот на рускиот народ.

Да потсетиме, францускиот претседател Емануел Макрон вчера и’ се обрати на нацијата и изјави дека заканите за Европа и земјата растат, вклучително и наводно од Русија.

На овој начин тој ја оправда потребата од зголемување на буџетот за одбрана на земјата надвор од претходно одобрениот план.

Тој, исто така, рече дека има намера да продолжи да го поддржува Киев во неговиот конфликт со Русија и вети дека ќе започне дискусии за проширување на националните сили за нуклеарно одвраќање во други европски земји по соодветната покана од кандидатот за германски канцелар Фридрих Мерц.

Потоа, лидерот на партијата Француски патриот, Флоријан Филип, изјави дека агресивната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со наводната руска закана за Европа води кон натамошна ескалација и ја покажува неговата желба да ја вовлече Франција во конфликт со Русија.