Рускиот претседател Владимир Путин синоќа присуствуваше на божиќната литургија во капелата во неговата резиденција Ново-Огариово во близина на Москва.
Ројтерс објави дека руската државна телевизија објави видео на кое се гледа Путин со мала група членови на семејствата на војниците убиени во Украина.
Се соопштува дека шефот на Кремљ пред литургијата ветил дека ќе ги поддржи војниците кои „со оружје во рацете“ ги бранат интересите на Русија и и наредил на владата да им даде поголема поддршка на оние кои се во војна, притоа повикувајќи го својот народ да се биде милостив и фер.
– Многу наши луѓе, наши храбри, херојски момци, руски воини и сега, на овој празник, со оружје во рацете ги бранат интересите на нашата земја – рече Путин за време на вечерната средба со семејствата на загинатите војници.
Се дознава дека Путин оваа година не повикал на прекин на огнот во Украина за време на Божиќ, како што направил за време на минатогодишната прослава на овој православен празник.
Британската агенција потсетува дека Русија во февруари 2022 година започна целосна инвазија на Украина, која Киев и нејзините западни сојузници ја гледаат како неиспровоцирано империјалистичко заземање на територија.