– Никој од обичните Руси не се сожали за оние кои го загубија својот капитал во странски банки и други средства во странство, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, а пренесува агенцијата ТАСС.
– Никој од обичните граѓани на Русија не жалеше за оние што го загубија својот капитал во странски банки. Тие не жалеа за оние што ги загубија своите јахти и палатите во странство. нови елити“, рече тој.е шефот на државата во своето обраќање во парламентот.
А во разговорите се потсетија и на приватизацијата од 90-тите и на арогантниот луксуз на новите елити, рече шефот на државата во своето обраќање во парламентот. Тој потсети дека за време на приватизацијата во 90-тите, фирмите што ги создаваше целата држава се продаваа за џабе.
Путин денеска се обрати во парламентот, ветувајќи дека ќе ја продолжи војната во Украина и ја обвини НАТО алијансата предводена од САД дека го разгорува конфликтот со погрешно верување дека може да ја победи Москва во глобална војна.
Во своето обраќање, Путин ги повтори своите ставови обвинувајќи ја Украина за нацизам, со што ја оправдуваше руската агресија врз таа земја.
– Западот само одолговлекуваше и замижуваше пред политичките убиства и малтретирањето на верниците, ги поддржуваше украинските неонацисти. Пред специјалната операција меѓу Западот и Украина имаше разговори за испорака на противвоздушна одбрана, па дури и нуклеарно оружје. Тие создаваа биолаборатории на границата, воени бази, ја подготвија Украина за голема војна и тоа отворено го признаваат, како да се гордеат со тоа и ги нарекуваат договорите од Минск – блефирање, рече тој.
– Така ја уништија Југославија, Ирак. Се навикнаа да им се дозволува сè. Така се однесуваат и кон сопствените народи. Се претворија во симбол на лаги. Ние се бориме за нашата позиција и дека во современиот свет не треба да има поделба на цивилизирани земји и други.Добивме колебливи одговори на нашите предлози за соработка .Дури и НАТО го проширија кон нас. Ниту една земја нема толку воени бази во светот како САД. Видете ја мапата, ги поставија насекаде, рече рускиот лидер.