Рускиот претседател Владимир Путин доби покана да ја посети Кина и има намера тоа да го направи во октомври кога ќе се одржи форумот „Еден појас еден пат“, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот лидер за меѓународни прашања.
– Познато е дека добивме покана и дека имаме намера да одиме во Кина кога ќе се одржи форумот „Еден појас еднаш“ – изјави тој за новинарите.
Исто така, Ушаков рече дека Москва и Анкара ја планираат посетата на Владимир Путин на Турција, но дека датумот се уште не е договорен.
– Во однос на контактите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, можам да потврдам дека планот на двете страни е да се реализира посетата на нашиот претседател, но се уште немаме договорено конкретни датуми. Се споменуваше август, но и други варијанти – изјави тој.
Тој потсети дека Путин му ветил на Ердоган дека ќе дојде во Турција веднаш по победата на Ердоган на последните избори во мај.
За самитот на Г-20 во Индија, Ушаков рече дека форматот на учество на рускиот претседател се уште не е прецизиран – поканата е пристигната и не е исклучена посетата на Индија.
Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, издаде налог за апсење на рускиот претседател во средината на март оваа година , обвинувајќи го дека е одговорен за наводните воени злосторства извршени во Украина.
МКС во соопштението наведе дека Путин е наводно „одговорен за военото злосторство за нелегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација.