Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин би можел да ги посети САД за време на Светското првенство во фудбал во 2026 година, доколку добие официјална покана од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Зошто да не“, одговори Песков на прашањето на агенцијата РИА Новости за тоа дали е можно доаѓањето на Путин, доколку следи официјална покана од американскиот претседател.
Претходно, Трамп изјави дека ја разгледува можноста да го покани Путин на Светското првенство во фудбал , кое ќе се одржи во САД , Канада и Мексико .
Путин претходно ги посети САД на 15 септември кога се сретна со Трамп во Елкриџ, Алјаска. Тоа беше прва посета на рускиот претседател на Америка од 2015 година, кога тој присуствуваше на состанокот на Генералното собрание на Советот за безбедност на ОН и се сретна со тогашниот претседател
Барак Обама .