Путин пристигна во Пекинг на форумот „Еден појас – еден пат“

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на форумот „Еден појас – еден пат“, кој почнува денеска во Пекинг.

Во руската делегација се вицепремиерите Александар Новак и Дмитриј Чернишенко, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за економски развој Максим Решетников, министерот за финансии Антон Силуанов, министерот за транспорт Виталиј Савељев, гувернерот на Централната банка Елвира Набиулина, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генерален директор на руските железници Олег Белозеров, пренесува Спутник.

Ова е 19-та посета на Путин на Кина. Пред тоа, рускиот претседател последен пат го посети Пекинг на отворањето на Олимписките игри во 2022 година.