– Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ќе им помогне на своите граѓани кои се заглавени во Газа.
Претседателот на Русија се осврна на ситуацијата во Појасот Газа на онлајн состанокот со членовите на Владата во Москва, на кој се говореше за актуелните теми.
„Ситуацијата таму ја премина критичната граница“, порача Путин.
Тој наведе дека примиле повеќе од 900 барања за евакуација.
„Од тоа, 639 се државјани на Русија, а 271 се роднини на овие граѓани“, појасни Путин и додаде дека ѝ придава значење на евакуацијата на своите граѓани.
„Ова е многу важна, хуманитарна и благородна должност. Мораме да им помогнеме на луѓето кои се жртви на настаните што се случија. Гледаме што се случува таму. Затоа, наша света должност е особено да им помогнеме на нашите граѓани“, рече Путин.
Рускиот претседател вчера во Москва наведе дека се состанал со претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, со кој разговарале за безбедносни прашања.
Истакнувајќи ја важноста од воспоставување заеднички одбранбен систем со земјите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ODKB), Путин рече дека се работи во таа насока.
„На Таџикистан му испорачавме две групи од системот за противвоздушна одбрана С-300“, додаде Путин.