Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста по повод терористичкиот напад во Москва, велејќи дека Русија ќе ги казни сите одговорни за смртта на цивилите.
Тоа што се случи во Крокус го нарече крвав и варварски терористички напад.
Тој рече и дека во Русија се воведени антитерористички мерки.
„Како некогаш нацистите, тие планираа да извршат демонстративна егзекуција. Сите сторители, организатори и нарачатели ќе ја сносат казната, кои и да се. Ќе ги казниме сите што ќе застанат зад терористите кои го планираа тој напад врз Русија и нашиот народ. “, рече Путин.
Путин истакна дека се уапсени сите четворица терористи кои учествувале во нападот во Москва. Тој рече и дека по нападот во Москва, терористите се упатиле кон Украина, каде им бил организиран „прозорец“ за бегство.
President Putin just addressed the nation of Russia about the Moscow terrorist attack.
— Paul Villarreal (AKA Vince Manfeld) (@AureliusStoic1) March 23, 2024
He said all those associated with the attack have been detained.
He said all of those complicit in the attack will be punished.
He declared 3/24 a national day of mourning.
. pic.twitter.com/sGhCv3W6Vq
„Десетици мирни, невини луѓе станаа жртви на терористичкиот напад во Крокус.
На сите ќе им ја пружиме потребната помош. Стрелците се упатија кон Украина, каде што им беше подготвен „прозорец““, рече тој.
Тој изрази благодарност до екипите на брзата помош, пожарникарите и спасувачите кои направија се за да ги спасат животите на луѓето.
Како што рече, жртви на терористичкиот напад биле сонародници, меѓу другите, деца, жени и млади.
Путин рече и дека руските граѓани многу добро знаат која е заканата од тероризмот и дека Москва смета на соработка со сите земји кои ја делат оваа болка.
„Во нашето мултиетничко општество Русија постојано минуваше низ најтешките, понекогаш неподносливи искушенија, но стана уште посилна. Истото ќе се случи и сега“, ова беа зборовите на Владимир Путин во обраќањето до граѓаните на Русија.
Рускиот претседател најави и дека 24 март во Русија ќе биде прогласен за ден на жалост .