Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е долга 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест постојки, пет моста, тунел и многу други инфраструктурни објекти.
Премиерот Христијан Мицкоски на настанот по повод пуштањето на железницата истакна дека Коридорот 8 претставува подеднакво важен и стратешки проект заедно со Коридорот 10.
„Овие два коридори се главен приоритет на оваа Влада, бидејќи ние како држава претставуваме пресек на приодите на овие два коридори и тоа треба да претставува наша предност во однос на другите земји од регионот“, рече премиерот.
Тој додаде дека наскоро треба да биде завршена втората делница, како и тендерската постапка за третата делница.
„Убеден сум дека втората делница наскоро ќе биде завршена во временската рамка предвидена во договорот. Тендерската постапка за третата делница ќе заврши многу брзо, што целосно ќе не поврзе со нашиот источен сосед и со тоа ќе бидеме дел од еден многу важен коридор не само за ЕУ, туку и за НАТО“, додаде премиерот.
На железничките станици и постојки е поставена сигнално-телекомуникациска опрема вредна 10 милиони евра, која вклучува алуминиумски седишта, челични засолништа, екрани и ЛЕД осветлување.
Пругата Куманово – Бељаковце е долга 30,8 километри и на неа се изградени три железнички станици (Куманово) реконструирана постојна кумановска станица, 6 постојки, 5 моста, 1 тунел, канали со различен дијаметар, странична заштита, канали одводи, обвивки , звучни бариери, заштитни ѕидови, горен слој и сигнална и телекомуникациска опрема е поставена на железничките станици и постојки сигнализација-телекомуникации во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични засолништа, екрани, ЛЕД осветлување.