Пуштени во продажба билетите за дуелот на македонските ракометари против Португалија

Од денеска се пуштени во продажба билетите за натпреварот што македонските ракометари ќе го одиграат против Португалија, в четврток во Скопје, во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

– Продажбата на влезници започна точно напладне онлајн на интернет страницата на МК Тикетс, а билети можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

Продажната цена на влезниците за натпреварот в четврток од 19 часот во СРЦ „Борис Трајковски“ е 100 и 200 денари.

По две одиграни кола во групата 1, Македонија и Португалија се на делба на првото место со максимални шест бодови, додека Луксембург и Турција се без бодови