Се чини дека во светот на младите денес преовладува површноста и посветеноста на неважни работи. Така барем мисли добар дел од постарата генерација.
Сепак, постојат примери кои се истакнуваат и ја враќаат вербата.
Меѓу нив е и момчето познат на TikTok како NanoJr кој испраќа моќна порака до своите врсници и потсетува на малку заборавени вредности.
NanoJr почнал да работи на 16 години во две компании. Неговиот работен ден трае 15-16 часа, а мотивацијата му е јасна – грижата за семејството и најблиските. Секој ден од девет часот наутро работи како возач во магацинот на Амазон, а работата завршува меѓу 19 и 20 часот, во зависност од неговите обврски. Потоа оди во ресторан од познатиот синџир „Випс“, каде што работи до доцна во ноќта, јавува Лакале Блу радио.
И покрај предизвиците, како што е недостатокот на автомобил, тој останува фокусиран на своите цели.
Кога го прашале за неговиот одмор, NanoNj објаснува дека спие седум часа. Тој истакнува дека e горд што го издржуба неговото семејство.
Неговата 13-годишна сестра неодамна изјави колку му се восхитува и ја споделува оваа приказна со сите.
Момчето во видеото, кое е прегледано повеќе од два милиони пати, ја нагласува важноста на семејството и преземањето одговорност за површниот начин на живот и неодговорното однесување. Се прашува зошто младите го напуштаат средното образование и парите што им ги даваат родителите ги трошат на „самоуништувачки навики“.
Неговата порака привлече големо внимание на мрежите, а илјадници луѓе го поддржуваат поради неговата посветеност и работна етика.