Работник повреден на изградба на патот Ранковце – Крива Паланка

Повреден е 63- годишен работник кој работел на изградба на новиот, експресен пат Ранковце – Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, Сектор за внатрешни работи Куманово, во текот на вчерашниот ден шеесет и три годишен маж бил повреден на работното место при што поради истите бил однесен во болница.

-На 22 ноември 2023 година,  во единаесет часот и триесет и четири минути, во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека во Итна медицинска помош Крива Паланка со повреди бил донесен 63- годишен жител на градот со иницијали Т.С. Согласно пријавата, тој се здобил со повредите на работното место при изведување на градежни работи на експресниот пат во изградба, Ранковце-Крива Паланка, се наведува во информациите од Сектор за внатрешни работи Куманово.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.