Во Нови Сад, Рамиз Дачиќ (29) од селото Цетановиќе кај Сјеница, загинал под сомнителни околности додека работел како непријавен работник во градежна компанија, соопшти ,,Санџак Данас”.
Според неофицијални информации, Дачиќ се затрул со гасови кога го вклучил генераторот за да си го наполни телефонот.
Работниците од градилиштето од Пријепоље го пронашле Дачиќ мртов и неофицијално изјавиле дека од претпоставените дознале како Рамиз бил отруен со јаглерод моноксид. Младиот човек кој трагично загина бил ноќен чувар на градилиштето.
Дачиќ долги години живеел и работел низ Србија, а зад себе оставил малолетно девојче.