Радев: Скопје изрази сочувство и подготвеност за помош

Претседателот Румен Радев објави дека Република Северна Македонија е подготвена да ѝ пружи поддршка на Бугарија во справувањето со последиците од поплавите што зафатија голем број региони во земјата.

„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска за конструктивниот телефонски повик и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за искажаната подготвеност на Република Северна Македонија да пружи поддршка во справувањето со последиците од катастрофата“, напиша шефот на државата на својот профил во „Екс“.

Интензивните врнежи од дожд доведоа до големи поплави, блокирани патишта и штети на инфраструктурата во голем број области. Дел од населението останува без електрична енергија, а пристапот до некои области е ограничен. Досега се потврдени четири жртви.