„РАЗБЕРЕТЕ НЕ“ Сосетката каде починала мајката на осомничениот за убиството на малата Данка: „ОВА БЕА НЕЈЗИНИТЕ ПОСЛЕДНИ ЗБОРОВИ“

Светлана Драгијевиќ (69) која денеска e погребана на гробиштата Злот покрај синот Далибор (40), почина пред два дена откако ненадејно и се слошило додека била кај соседите – семејството Тодоровиќ.

На тој кобен ден, 15 мај, Светлана отишла да ги посети соседите кои се на неколку куќи подалеку од нејзината.

– Тоа што се случи не е воопшто лесно. Мора да не разберете, на жената и се слошило дома додека нѐ посетувала. Тоа се навистина страшни работи – изјавила за српските медиуми членка на семејството Тодоровиќ, која ја затекнавме како држи две големи свеќи со рацете, веројатно се подготвувала за погребот:

– Се што се случи со тоа семејство е на крајот тажно. Изгасна една куќа.

Светлана наводно успеала само да ја изговори реченицата пред да им колабира на соседите: „Дај ми малку вода, не се чувствувам добро“.

Вознемирени соседи се јавиле во Итна помош, која набрзо дошла кај нив, но за жал, и покрај сите напори на лекарите, можеле само да констатираат смрт на жената.

-Таму беше и полицијата, направија и истрага бидејќи жената починала во куќата, а потоа и го пренеле телото на обдукција – изјавиле претходно соседите.