Уапсен е автомеханичар Богдан Т.(36), кој наводно го убил Урош Б.(44) кај Цветков пазар. Што се случило по грозоморното убиство раскажала неговата сопруга Милица Т.
Ha улицата „Олга Јовановиќ“ во Звездара се случило грозоморно убиство, кога Богдан Т., како што се сомнева, со остар предмет го прободел во градите на Урош П. кој набргу починал, а Богдан и’ се предал на полицијата.
Сопругата на Богдан, Милица, вели дека по страшното злосторство, нејзиниот сопруг дошол дома.
– Спиев кога дојде дома. Ми рече: ,,Љубов, разбуди се, убив човек! Ќе дојде полиција!” Тој плачеше гласно. Изгледаше целосно изгубен, воопшто не можев да разберам што ми зборува. И како е воопшто можно да направил нешто такво? Стана и ја бакна нашата ќеркичка… – задишано рече Милица и додаде:
– Ги повика родителите и им кажа дека убил човек. Ако добро разбирам, имаа сообраќаен судир затоа што Богдан се обидуваше да стигне до такси. Претпоставувам дека Урош го удрил, а тој му возвратил. Без разлика, жал ми е за тој убиен. Верувам дека сето тоа беше комбинација од несреќни и ужасни околности. Богдан со здрав ум никогаш не би направил такво нешто – расплакана Милица раскажува за српскиот портал „Информер“.
Според неа, Богдан со денови бил депресивен и тажен, но не сакал да зборува за тоа што го мачи.
– Богдан работел како механичар во гаражата, а вечерта почнал да вози такси. Работеше дење и ноќе за да ми обезбеди мене и детето. Не знам точно за што се расправаа, но сè започна со недоразбирање во сообраќајот. Богдан не бил пијан. Урош сигурно го удрил и тој му возвратил. Такво нешто не требаше да се случи. Богдан дошол дома сосема сам, свесен што направил. Се прости од нас, се спакува и отиде да се предаде во полиција – вели Милица.
Како што објасни таа, тие не знаат со што Богдан го избодел Урош.
– Го баравме ножот во куќата, но не успеавме да го најдеме. И не фалеше ниту еден нож во кујната. Навистина не знам со што го избодел. Да не го убиеше човекот… “, рече несреќната жена.