Разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез сè поизвесен: По леденото однесување на парот во јавноста, еден детаљ откри дека тие навистина се во тешка криза (фото)

Бен Афлек беше фотографиран без бурма за првпат откако раскина со Џенифер Лопез, што ги подгреа гласините дека парот минува низ голема криза во бракот. Да потсетиме, шпекулациите за разводот се појавија откако парот не беше виден заедно во јавноста точно 47 дена, иако пред тоа беа неразделни.

Во четвртокот, само еден ден по бомбастичните медиумски извештаи дека се разведуваат, Џенифер Лопез и Бен Афлек сепак се појавија заедно на училишната претстава на неговата 15-годишна ќерка Фин, која неодамна се изјасни како небинарна личност.

Но, ова не ги премолчи гласините, бидејќи еден од сведоците на лице место истакна дека на настанот дошле одвоено и не биле блиски.

„Бен не изгледаше среќен што ја виде Џеј Ло кога пристигна на шоуто. Кога излезе од автомобилот, тие не се гушнаа ниту се бакнаа”, рекол маж кој ги видел на шоуто.

Холивудскиот актер веќе во петокот вечерта беше „фатен“ во својот автомобил со „гола“ рака, односно без венчален прстен кој досега не го симнал, што дополнително го зголеми сомнежот дека сопружниците минуваат низ тежок период.

Да потсетиме, неименуваниот избор за магазинот „Us Weekly“ тврди дека парот веќе не ни живее заедно, а дека Афлек се иселил од семејната куќа пред неколку недели. Од друга страна, вториот избор на „People“ му посочил дека актерот навистина не престојува во заедничката куќа, туку само за да може да го сними вториот дел од филмот „Сметководител“.