По изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека американските претставници „сега“ се на пат за Русија, неговата портпаролка Каролин Левит рече дека американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц денеска разговарал со неговиот руски колега.
Дијалогот меѓу САД и Русија се очекува да се интензивира, а Кремљ претходно потврди дека во наредните денови се планирани контакти со американски претставници.
Русија, исто така, рече дека нема да донесе одлука за предлогот на САД за прекин на огнот додека не разговара со Вашингтон.
Пред Керолајн да ја открие веста, се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која повторно истакна дека не се исклучени контакти во наредните денови.
– Не исклучуваме контакти со претставници на САД во следните неколку дена – рече Захарова.