“РАЗМИСЛУВАВ ЗА САМОУБИСТВО!“ – Потресна исповед на познатиот тенисер – Ник Киргиос си ја отвори душата: “Се разбудив и го видов татко ми како плаче! Не можев повеќе да издржам…“

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Киргиос откри дека пред четири години минувал низ најтемниот период од својот живот.

По раната елиминација на Вимблдон во 2019 година од Рафаел Надал, Ник Киргиос признава дека имал самоубиствени мисли и решил да побара помош од психијатар.

Мислев да извршам самоубиство. Изгубив на Вимблдон. Се разбудив и го видов татко ми на креветот како плаче. Тоа беше повик за будење. Реков – ‘вака не може да продолжи’ и отидов да побарам помош од професионалец“, откри Австралиецот.

Ник Киргиос

Ова не е прв пат Ник Киргиос отворено да зборува за својата борба со депресијата. Познатиот тенисер минатата година призна дека има сериозни психички проблеми, дека пиел многу алкохол, се дрогирал и размислувал да си го одземе животот.

Имав самоубиствени мисли и буквално се борев да станам од кревет, а камоли да играм пред милиони. Бев осамен, депресивен, негативен, консумирав алкохол, дрога, а бев и отфрлен од семејството и пријателите“, напиша тогаш австралискиот ас во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Ник Киргиос тогаш со таа објава сакал да ја подигне свеста за важноста на менталното здравје.

Се чувствував како да не можам да зборувам или да верувам никому. Ова беше резултат на затворањето во себе и одбивањето да се потпрам на моите сакани и само малку по малку да се туркам себеси за да бидам позитивен. Знам како може да изгледа секојдневниот живот исклучително исцрпувачки, понекогаш невозможно. Разбирам дека се понекогаш сите се чуствуваме слби или се плашиме да се отвориме. Ви велам токму сега, во ред е, не сте сами“, гласеше неговата објава тогаш.

Тој потоа кажа дека секој проблем со менталното здравје бара внимание и дека треба да побарате помош и поддршка од семејството, пријателите и професионалците кои се обучени да ви помогнат во овие ситуации.

Ве молам, не се чуствувајте како да сте сами, ако се чувствувате дека не можете да разговарате со никого, јас сум тука, побарај ме. Горд сум што можам да кажам дека целосно го свртев мојот живот и имам сосема поинаков поглед на сè, не земам ниту еден момент здраво за готово. Сакам да можете да го достигнете својот целосен потенцијал и да се насмеете. Овој живот е убав“, нагласи Австралиецот.

животНик Киргиостенис