Земјотресот е регистриран на длабочина од 35 километри
Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Индонезија .
Епицентарот бил на 109 километри северно од градот Тубан.
Земјотресот бил на длабочина од 35 километри.
Во моментов нема информации дали постои опасност од цунами, како и дали има повредени или материјална штета.