Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините.
Земјотресот е регистриран на околу 20 километри од Хинатуан, каде живеат околу 10.000 луѓе.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Според неофицијални информации, некои делови останале без струја.
На веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните наведуваат дека земјотресот траел долго и бил исклучително силен.
Мислам дека траеше околу 30 секунди“, рекол еден од корисниците.
„Оваа е многу посилна од онаа што удри на 17 ноември. Јас сум во Давао Сити, уште се луламе лево-десно“, напиша друг.